Контакт      МК | EN

 ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ИМАТЕЛ

Регистрирањето на физички и правни лица – сопственици на сметка/и на хартии од вредност, за пристап и користење на Дистрибутивниот систем на Депозитарот, може да се изврши на два начини:

1.Барателите за оваа услуга можат да се обратат во просториите на членките на Депозитарот кои во улога на администратори ќе извршат регистрација и ќе обезбедат корисничко име.Барателот може да изврши регистрација кај Членка и во случај кога не е нејзин клиент.                                                                                                             

Листа на членки

2.Дополнителна можност е регистрирање за пристап и користење на Дистрибутивниот систем на Депозитарот  директно во просториите на Депозитарот.

За целите на регистрација Барателот на кориснички пристап треба да поднесе Барање, лично или преку полномошник, во просториите на Членката/Депозитарот, на пропишано Барање..

Доколку Барањето се поднесува преку полномошник, кон Барањето се приложува и нотарски заверено полномошно издадено за таа цел. Доколку Барателот е правно лице, полномошното треба да содржи потпис и печат на правното лице.

Членката/Депозитарот, пред да извршат регистрација, задолжително ја утврдуваат уредноста и комплетноста на Барањето и вршат идентификација на Барателот со задолжително приложување на документ за лична идентификација за физички лица и тековна состојба за правни лица.

Кога Барателот е странско физичко или правно лице, Барањето може да се поднесе и по пошта, со задолжително приложување на копија од патна исправа/тековна состојба за правни лица, заверена од надлежен орган, согласно прописите на државата на потекло и преведена на македонски јазик од овластен судски преведувач. Членката/Депозитарот задржува копија од документите за идентификација и со истите постапуваа во согласност со Законот за заштита на личните податоци и останатата важечка регулатива.

Креирањето на корисничко име за пристап и користење на Дистрибутивниот систем на Депозитарот се врши согласно упатствата добиени од Барателот, а доколку со истото корисничко име е веќе регистриран друг корисник, во тој случај ќе му предложи на Барателот алтернатива на ново корисничко име.

Се препорачува за корисничко име да биде избрана e-mail адресата на имателот, наведена во ова Барање.

 

Доколку сте правно лице кое покрај кориснички профил за имател, има можност да отвори и кориснички профил како издавач, имајте во предвид дека e-mail адресите за активација, како и корисничките имиња за имател и за издавач, треба да бидат различни за двата типа на кориснички профили.

 

По извршената регистрација, Барателот добива отпечатен примерок со регистрационите податоци, при што истовремено на внесената e-mail адреса во Барањето се испраќа e-mail порака со линк за активација на корисничкиот профил (линкот за активација на корисничкиот профил е достапен за имателот 7 дена по регистрацијата).  На странските физички/правни лица, регистрационите податоци им се доставуваат преку наведената e-mail адреса во Барањето

Дури по активација на профилот Барателот може да креира лозинка за својот кориснички профил и понатаму со истата да се најави на Дистрибутивниот систем на Депозитарот.

Корисничко упатство за иматели

Контакт за техничка поддршка
02/ 3299-812
cdhv.contact@cdhv.mk