ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ИЗДАВАЧ
Со цел на издавачот на хартии од вредност да му биде обезбеден пристап и користење на Дистрибутивниот систем на Депозитарот, неопходно е претходно помеѓу Депозитарот и Издавачот да биде склучен “Договор за обезбедување на услуги преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот за издавачите” со кој ќе бидат уредени меѓусебните права и обврски на договорните страни при обезбедување на услуги преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот, а кои се однесуваат на издавачите на хартии од вредност.
Во Договорот неопходно е Издавачот да ја наведе e-mail адресата на која по регистрацијата на Издавачот, од страна на Депозитарот ќе биде испратена порака со линк за активација на корисничкиот профил.
Доколку покрај корисничкиот профил за издавач, имате можност да отворите и кориснички профил како имател, имајте во предвид дека e-mail адресите за активација, како и корисничките имиња за издавач и имател, треба да бидат различни за двата типа на кориснички профили.
По потпишувањето на Договорот од страна на Издавачот, заради утврдување на неговите идентификационите податоци и регистрирање во Дистрибутивниот систем на Депозитарот, неопходно е Издавачот во прилог кон Договорот да достави до Депозитарот Tековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Македонија, не постара од три месеци.
Депозитарот врз основа на Договорот и поднесената уредна документација, ќе изврши регистрација на Издавачот и издаде отпечатен примерок со регистрационите податоци на Издавачот за пристап и користење на Дистрибутивниот систем.
Истовремено при издавање отпечатен примерок со регистрационите податоци, на e-mail адресата на Издавачот, наведена во Договорот се испраќа e-mail порака со линк за активација на корисничкиот профил на која издавачот е должен да пристапи веднаш (линкот за активација на корисничкиот профил е достапен за издавачот 7 дена по регистрацијата).
Дури по активација на профилот корисникот може да креира лозинка за својот кориснички профил и понатаму со истата да се најави на Дистрибутивниот систем на Депозитарот.
Корисничко упатство за издавачи
Контакт за техничка поддршка
02/ 3299-812
cdhv.contact@cdhv.mk